5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Ај фил фуд. Макарони за добри одлуки

Пред некој ден се вакцинирав, и во купот на прочитани информации, изгледани клипчиња на јутјуб, муабети.., сакав да си направам ред во главата. А, бидејќи се почнува и завршува со храната, на ред беше- засладување.
Не сум особено по торти и колачи, ама овие макарони ми се повеќе од благо. Комплексно. Суштестевно.
Повеќе од вкус, чисто мерачење и декаденција.
Макарони со мак, односно- афион ме потсетуваат на безгрижност, на „рани радови“, едноставен рецепт со добар „олдфешн“ ефект. Првин се мислев со што ќе другарувам, со вилушката или лажицата, ама ми текна макароните да ги варам заедно со афионот, повеќе да се зближт, да си се видат натенане, ќе останат заедно до финалето.
Значи, афионот се вари со млеко, сакајќи да ги спојам минатото и сегашноста- додадов чија семки, ванилин шеќер и неколку лажици таан. Какви опојни миризби, каква страст…
Искрено кажано, и ова ми е специјалитет, туку, ај да си додадам уште некоја калорија. Е сега е ред за макарони, одбрав слатки, дебелки, отворени кон светот. Ги ставам во оваа убавина со афион, додавајќи уште малку млеко и чекам да се сварат.


И потоа природно, најприродно се си доаѓа на своето место, макароните самите се полнат, се напиваат од овој волшебен, да го наречам- крем. Така скрцкани, богати и преполни со сласт, не оставаат простор за одбир на есцајгот.
Едноставно, се боцкаат.
Те тераат натенане да уживаш во вкусот, полека да толкуваш секое залче, и да се препуштиш на моментот, сега и тука.
Наздравје!

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена