1.8 C
Skopje
четврток, ноември 13, 2025
spot_img

„Балканика“, Владо Калембер и Ален Исламовиќ на „Охрид Фест – Охридски трубадури“

На 6, 7 и 8 септември целата музичка елита ќе учествува на јубилејното, 25. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест –Охридски трубадури“. Покрај македонските фолк и поп звезди, на фестивалот ќе настапат и имињата од Балканот: Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Ален Исламовиќ (БИХ), групата „Балканика’’(Србија), Мерима Његомир (Србија), Елизабет Христоу ( Грција), Карлос( Бугарија)…
Годинава „Охридските трубадури“ ќе бидат емитувани во живо на Балканика – Бугарија, Бел ами – Србија, Коперникус – Србија, Тв Z1 – Хрватска, CMC (Croatian Music Channel –Хрватска , Хајат – Босна и Херцеговина, Визион плус – Албанија,ТRT – Турција, Тв Шансона – Русија и австралиската сателитска тв INTV.
Организаторите на фестивалот се уште не ги откриваат сите пејачи и програмски активности со кои ќе се одбележи јубилејот но сепак се знае дека на Фолк вечерта ќе настапат Благица Павловска ,„Скопски боеми“, Петар Нечовски, Нино Величковски, Милица Кузмановска, Милован Секуловски,„Молика“, Зоран Христов…..а на Поп вечерта – Даниел Кајмаковски, Огнен Здравковски, Пепа, Денис Димовски, Лена, Ѓоко Ѓорчев, Жармена….

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена