Потребно е: Три парчиња сланина сецкана на коцки, малку кромид, малку лук, 1,5 чаша павлака, бибер, еден стар црн леб, 1 чаша рендан кашкавал.
Сецканата сланина се потпржува и во неа се додаваат крукчиња од кромидот. Тоа заедно од тавата се префрла во стаклен сад во кое се додава павлаката и биберот. Горниот слој од лебот (како капак) се сече, се прави вдлабнатина во лебот и се додава смесата. Врз таа смеса се става ренданиот кашкавал. Тоа се реди во тепсија. Пресечената кора од лебот и извадената средина се премачкуваат со путер, се сечат на парчиња и се редат во тепсијата кај големата векна. Се става во рерна се потпекува. По 15 минути се вади и му се додава сецканиот лук. Се служи топло.