Билетите за Златна Бубамара продадени за 90 минути

Билетите за најголемиот музички и културен настан Златна Бубамара на популарноста, вчера, верувале или не, беа распродадени за само 90 минути.
Поради големиот интерес за билети и повеќе од 14. 000 побарувања во минута, преку он-лајн сервисот, билетите беа продадени во рекордно време.
Организаторот ќе се обиде во текот на наредната недела да обезбеди уште една тура билети, за манифестацијата која се подготвува во изминатите 2 месеци и која финалето ќе го има на 21 февруари во ВИП Арената „Борис Трајковски“.
Слоганот за ова издание на Златна Бубамара е : Од нас добивте 22 години, па кој ви има дадено повеќе?!

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени