Никогаш не сум ги сакала и не сум држела строги диети, бидејќи едноставно не бев подготвена да гладувам, да бројам калории, да подготвувам специјални оброци. Пред три и пол години имав среќа во мојата емисија да гостува нутриционистот Кенан Мандра, со кого зборувавме за Липосукциската исхрана и како на здрав начин да ги намалите килограмите. Без двоумење одлучив да го користам препаратот, зашто токму во тој период веќе имав достигнато тежина која не смеев да си дозволам да оди нагоре.
Не бев воопшто скептична, туку со голема доверба и надеж дека ќе успеам да го намалам вишокот килограми се впуштив во тој 14 дневен режим. Секое утро вагата ми покажуваше по 300-400 грама помалку, што секако ми даваше дополнителен елан дека треба да истраам, зашто конечно го најдов решението за едноставен, а многу ефикасен начин за добар изглед. Во тој 14 -дневен период ослабнав 8 килограни, но што е најважно намалив 10 сантиметри во обем. Се топеа килограмите рамномерно, без да ја изгубам свежината но лицето и без никакви кризи за храна. Она што сакам најмногу да го потенцирам е дека после овој режим ги исфрлив од исхраната лошите навики во исхраната што ги имав претходно. Утрото го почнувам со чаша вода и половина исцеден лимон, секој ден пијам по два литра вода, многу зеленчук и овошје и секако пешачење. За мене ова е единствениот, наједноставен, брз и најефикасен начин за топење на килограмите со насмевка на лицето!