8.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Боби Павловски: „Метар дана“ за новото поглавје во животот

Новата песна на Боби Павловски. „Метар дана“ е насловот на композицијата, која всушност значи ново поглавје во неговата досегашна музичка кариера. Песната е снимена на српски јазик, што за многумина можеби е изненадување, и излегува во исто време со видеозапис.
– „Метар дана“ е песна која решив да ја снимам без многу размислување, веднаш штом го слушнав демото. Нејзини автори се Сале од Тропико бенд, Драган Брајовиќ – Браја и Вук Матиќ, кои навистина маестрално си ја завршија својата работа. Со Сале се познавам одамна и некако до оваа наша соработка дојде сосема спонтано, а договорот падна на една од нашите седенки. Навистина сум задоволен од сработеното и искрено верувам дека и впечатокот и реакциите на сите оние кои ќе ја слушнат ќе бидат ако не исти, барем слични како и моите“- вели Павловски.
Интересно е дека оваа песна значи почеток на една убава и долгорочна соработка, која наскоро треба да резултира со уште една композиција, која е во завршна фаза од изработката.
Освен на домашен терен сработеното ќе се промовира и во соседството, каде Боби ќе биде поприсутен во иднина со оглед на тоа дека од неодамна стана дел од јатото на Гранд продукција.
Видеото записот е сработен од одличниот Даниел Јовески а кадрите се снимени на неколку интересни локации низ земјава.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена