„Заблуда“ е насловот на новата емотивната балада на Боби Павловски, што ја потпишува Еди Рамчевиќ. Песната е неговото комплетно дело а за видеото и овојпат се погрижи тимот на Tropical Lifeisfun, една од најбараните продукции во соседството во моментов. Интересно е дека придружните вокали во песната ги пее веќе докажаната Ивана Селаков.
Кадрите во видеото, кое носи емотивна приказна како и самата композиција, се снимени на повеќе локации низ Белград и во нив освен Боби се појавуваат и момче и девојка кои всушност се носители на самото сценарио.
„Драги мои, ви ја претставувам „Заблуда“ мојата нова песна. Долго е работено на неа и не сакав да ја чувам за некои подобри времиња, туку сакам со неа барем малку да придонесам за разбивање на монотонијата. Се надевам дека ќе уживате во мојата нова песна и дека ќе ви помогнам барем малку да заборавите на мрачното секојдневие и на црните вести кои секојдневно стигнуваат до нас. Да останеме заедно во овие тешки денови со желби да сме живи и здрави и наскоро во живо да ја пееме “Заблуда”. Бидете добри!“ – вели Павловски.
Инаку, „Заблуда“ е веќе четврта песна на Павловски снимена на српски, и таа доаѓа под одличните „Метар дана“, „Тамо негде“ и „Самица“.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени