Британската телевизиска водителка Рејчел Бланд, кој работи повеќе од 10 години во Би-Би-Си, расплака милиони гледачи, пренесуваат светските агенции. Рејчел изјавила на телевизија дека и останале само уште неколку дена живот. Причината за тоа е агресивна форма на рак, со која се бори веќе неколку години.
За ова време Рејчел станала водителка на емисии посветени за лечење од ракот. Бланд (40) раскажала дека во овие последни две години од нејзиниот живот таа се трудела да поминува што повеќе време со својот сопруг и малиот син. Како што пишува „ Express“, иако водителката е помирена со смртта, сепак, сè што се случува со неа се уште изгледа нереално.