Брррр, гладот напаѓа кога ни студи

Ако ви се чини дека јадете повеќе во зимскиот период, чувството не ве лаже, зимата навистина влијае врз нашиот апетит. Еве неколку совети како да не се здебелите во зима.
– Не заборавајте на ужина. За да не прегладниме, па да не знаеме да престанеме со јадење и за да го одржиме нивото на шеќер во крвта. Одбегнувајте сокови, слатки и разни грицки. Полни се со шеќери, масти и јаглени хидрати, калориски бомби кои дебелат. Особено се опасни за децата.
– Пронајдете здрави рецепти. Речиси секое калорично и силно јадење може да се приготви и на алтернативен начин користејќи помалку калорични продукти. На пример, ако сакате пица, нека биде диетална.
– Направете план на физички активности. Напишете на хартија се` што можете да работите надвор или внатре. Планирајте шопин како физичка активност. Играјте со децата, носете го кучето на прошетка, правете се` што ќе ви помогне да потрошите калории, наместо да седите дома.
– Регулирајте ја температурата во вашиот простор. Ако имате сопствено греење на работа или дома, зголемете ја температурата, изолирајте ги прозорците и вратите.
– Облекувајте се според временската ситуација. Не излегувајте надвор слабо облечени, нека облеката ви биде слоевита и во согласност со времето. Во спротивно, може нагло да ви се пријаде додека сте надвор.
Фото- Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени