5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Бутик за храна „Естел Фуд Гуру“: Бај бај диети

Тие што го познаваат Зоран Мајновски, или попријателски – Мајно, му го знаат табиетот: кога сите ќе се исплашат, тој се осмелува, кога сите ќе запрат, тој тргнува, кога за другите е неизвесно, за него е предизвик… Токму затоа, отварањето на бутикот за храна „Естел Фуд Гуру“, во екот на пандемјата, стереотипно кажано- во време невреме, за херојот на овој текст ама и за многу домаќинства кои престанале да готват – дека тие готват за нив, и тоа- со љубов, е – најдоброто време.
Токму затоа ја има подршката од своите колеги, другари, истомисленици, интерно кажано- „пиленца“: Дејан Карапеев, Зоран Андонов, Бобан Симоновски и Никола Мишковски, наличени со фотографијата на еден од излозите на Естел Фуд Гуру.
Тие се реализирани и професионално остварени и со години – подршка еден на друг, патем, скоро сите се членови на Алијансата на готвачите на Слоу Фуд и на здружението Macedonian Multiethnic Culinary Chef.
Се разбира, ништо без емотивната база, а во оваа најголема љубов, наречена Естел Фуд Гуру е вклучено целото семејство Мајновски- синовите и сопругата.

Локацијата на новиот гастрономски објект за готови домашни јадења се новите згради на стар Аеродром а вкусот е познат и омилен – оној од ресторанот „Естел“ во Дебар мало, од чии јадења, чорби, супи и разни гурманлуци ги лижевме прстите.
„Не гответе по дома, ние готвиме за вас!“- е старото мото на новиот локал каде очите ќе ви се наполнат со убавина. Средено, скоцкано, чисто, модерно и домаќински: јадењата примливо мирисаат, изгледаат и се мамка за оние – на диета. Патем, Зоки е познат како креативен готвач и тука е распостлан во сиот свој раскош и потенцијал.

Во „Естел Фуд Гуру“ македонската традиција е на тронот: тавче травче, турли тава, сарми во сите изданија (со лозов лист, кисела зелка), подварок, чорби, ориз, ќофтиња, зеленчук на скара, пире…Но, има и интернационални изненадувања, секој ден се готват по 30 разни јадења и ништо чудно што луѓето си го препознаа како квалитет и веќе наголемо му даваат доверба.
Спомнав дека со целата понуда на овој бутик за храна очите ќе ви се наполнат со убавина. Е, тоа е само почеток: откако ќе ги вкусите, домаќински ќе ги издегустирате јадењата, секоја клетка ќе се исполни со мераци и сласт . И после некој нека каже дека храната не е страст. Добредојдовте во Естел Фуд Гуру!

Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена