12.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

Вака чувствуваше Горан Стефановски (1952-2018)

ЦИТАТИ ШТО ГИ САКАМЕ

„Што ако сум Хи – фи кога ова се куси ракави а надвор студи?
Некоја цена мора да се плати!“ (Хај- фај)

Димитрија: Ќе има војна… Ќе има војна…..
Марија: Доста беше и ваков мир.
(Диво Месо)

Иљо: Не сакам да те навредам, но морам да кажам. Ти си бивш човек. Ти си најдобар човек на светот, но ти си бивш човек. Тоа не е критика. Тоа е факт. До овде ми е од бивши луѓе. Бивши држави. Бивши љубовници. Бивши адреси, телефонски броеви. Бивши пасоши, лични карти, сведителства, изводи од матично. Бившо турско, бившо каурско, прво спрско, второ бугарско, Тито-Партија, стабилизација, Меѓундароден монетарен фонд. Вака било, онака било. Кој знае како било? Онаму имало офицерски дом, онаму банки, сите живееле сложно и весело и се држеле за раце и играле оро и пееле песни. Што имам јас од тоа? Не сакам бивша иднина. Што ме боли мене за вашата жал за младост. (Демонот од Дебар Маало)

Алтана: Не се живее вака. Милиони живеат во бункери, ѕиркаат надвор низ нишан од снајперки. Нема живот ако човек мисли дека сите се против него, дека светот е една голема завера. Во светот има и љубов и добрина и чесни луѓе. Ние мислиме само ние сме расселени. Сиот свет е расселен. На сите нешто им недостасува. Сите мислат дека се на крајот од светот. Земјата е тркалезна, каде и да тргнеш, секогаш си на раб.
Југот не го сака Север. Исток Запад. Европа не ја сака Америка, Ирска Англија. Прилепчани не се мирисаат со битолчани, во еден град не се поднесуваат две маала, во едно маало две згради, во една зграда закрвени се два влеза, во еден влез два стана, во еден стан две фамилии, во една фамилија двајца луѓе, а и тие двајца се мразат самите себеси.
Каде води тоа? Ако е така, тогаш нема спас. А, без спас нема живот. А, без живот нема ништо. Има смрт. (Тетовирани души)

Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат да умрат. Основните копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студените копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за да можат мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат повторно да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.”
(Дупло дно)

Киро: Не ме боли газот за народните права, ниту народот ги заслужува, ниту може да ги има, ниту ако ги добие ќе знае што да прави со нив.(Лет во место)

Околу мене предавства и убиства, палежи, колежи и сиромаштија, мака и смрт, неправда и лудило и самоубиства. Јас мирно седам и молчам и пишувам конзервирани импресии. (Конзервирани импресии)

Анастазија: Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно. (Жив Човек)

Киро: Не ме боли газот за народните права, ниту народот ги заслужува, ниту може да ги има, ниту ако ги добие ќе знае што да прави со нив. (Лет во место)
Фото: delo.si

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена