Автобиогравската песна „Горда мајка“ што ја исполни пејачката Благица Калева со групата „Модус“ победи на последното 33то издание на фолк фестивалот „Валандово“, кое се одржа викендов во салата „Јанко Узунов“ во Валандово. Благица победата ја однесе од вкупно 108 изброените гласови од жири и публика, кои ја препознаа искреноста во нејзината песна, бидејки е песна која зборува за нејзиниот живот. За победата Благица од фестивалот доби 1,500 евра.
Второто место со 100 поени и со награда за најдобар дебитант беше прогласен Филип Божиновски. Филип ја испеа песната „Умирам по тебе“ и за второто место доби 1.000 евра како награда. Третото место со 88 поени и со 750 евра ја доби Благоја Грујовски за песната „За нас“. Тој и покрај здравствените проблеми успеја да дојде и потпрен на столче да ја испее песната на сцената на валандовскиот фестивал. Но, заради проблемите со кичмата не излезе на сцена да ја прими наградата.
На фестивалот беа доделени и наградите за најдобра интерпретација. Неа ја доби гостинката од Србија Мерима Његомир,која од фестивалот беше наградена со 500 евра. Наградата за текст ја доби Орце Зафировски за текстот за песната „Туги сватови“која ја отпеа Дамјан Стојановски, а за тоа доби 500 евра и наградата за најдобар аранжман ја доби Мартин Вучиќ за песната „Јас, таа и љубовта“, што ја отпеа Кирил Митоски.