Потребно е : 300 г бамја, 150 г чадено телешко, кромид, 4 чешниња лук, целер, морков,
сушени домати во маслиново масло, ѓумбир, 1 лажица зачини, 100 мл бело вино и магдонос.
Ситно исечканиот кромид и лук ставете ги во загреано масло и пропржете. Додадете го на коцки сеченото телешко месо и сечкани моркови. Продолжете со пржењето, па додадете ги доматите сечкани на парчиња исто како и бамјата. Пропржете ја смесата, па сипете бело вино, додадете зачини, ѓумбир и пржете се` додека не испари алкохолот. Потоа налејте топла вода да ги покрие состојките и варете на тивок оган. Долевајте малку топла вода се` додека јадењето убаво не се свари. Пред крај додадете ситно сечкан магдонос.
фото :iftarski meni