Верувања. Петок 13-ти: Денес е најдобро да останете дома

Астролозите за денес советуваат мирување, а суеверните советуваат да останете дома! Оние што веруваат во баксузниот „петок 13“, нека заборават на возење автомобил, купување, продавање, а нема да имаат среќа ниту оние што започнуваат нова врска.
Еве зошто „петок 13-ти“ се смета за несреќен – тогаш Ева му понудила јаболко на Адам, тој ден почнал големиот потоп, се прекинала изградбата на Вавилонската кула и Исус е распнат во петок.
Инаку, и пред Светото писмо, во петокот луѓето ги молеа своите божества за добра жетва, здравје и среќа, па работа во петок се сметала за повикување на несреќа.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени