11.8 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

Вечерва во МКЦ- Промоција на стихозбирката „Пеперутка од пепел“ на Сузана В. Спасовска

Вечерва (30 октомври) во 19 часот, во МКЦ клуб ресторан ќе биде промовирана стихозбирката „Пеперутка од пепел“ на Сузана В. Спасовска.
Промотори на стихозбирката ќе бидат Владимир Мартиновски и Александра Јуруковска. Стихови од збирката ќе чита Арна Шијак.
На годинешните Струшки вечери на поезијата таа влезе во најтесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“.
Патем,„Пеперутка од пепел“ е петта стихозбирка на авторката.


Сузана В. Спасовска е родена во јуни, 1972 година во Ротердам, Холандија. Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во моментов работи на својата докторска теза од областа на орфизмот и поезијата. Досега објавила четири стихозбирки – „И љубов и заговор“ (1996, Македонска книга), „Смртно писмо“ (2004, Блесок), „Божествена жена“ (2006, Темплум), „Низ темјанот, еден лилјан“ (2014, Антолог), а „Смртно писмо“ е објавена и како е-книга.
Нејзини песни се застапувани во некои од антологиските избори на современата македонска поезија. Во 2006 година ја приредила и антологијата на поновата македонска поезија „Пурпурни извори“, во издание на Струшките вечери на поезијата. Пишувала и објавувала книжевно-теориски текстови во периодиката. Работи како професионален лектор.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена