Вчера и денес (10 и 11 ноември), во МОБ се одржува интернационалниот фестивал во танци „Dance off“, во организација на „Studuo Break a leg“ и „Eat the beat“.
Македонската репрезентација на јуниори, формација од танцовиот клуб во МОБ, го освои првото место и е номинирана за Гранд- при на вечерашната Гала вечер. Да им посакаме да освојот награда, бидејќи овие деца имаат неизмерна љубов кон хип- хоп танцот, вежбаат преку цело лето со нивниот кореограф Бенџамин Џафери, менторот- Андријана Јаневска и сопственикот и менаџерот на студиото, „Break a leg“, Трајче Петковски.
Инаку, на настанот учествуваат повеќе од 20 земји, судат интернационални судии од светската танцова организација IDO. На сцената продефилираа повеќе од 3000 танчери во разни категории, настапија солисти, групи, формации во соло, стрит денс, хип – хоп.
Покрај бројниоте пехари, дипломи, награди, најголемиот успех е тоа што имаме пласман и номинација да играме во најдобри меѓу најдобрите. На јуниорската формација и посуваме среќа на Гала вечерта во МОБ.
Поддршка од родителите, секогаш и секаде