На овогодинешното 18. по ред издание на „Егзит“ фестивалот што се случува во Нови Сад, поточно во Петроварадинската тврдина, се очекува максимална посетеност од 55.000 луѓе. Годинава фестивалот и официјално станува полнолетен а интересот, предвидливо е огромен. Од сите страни на светот младите луѓе максимално го подржуваат „Егзит-от“, а најбројните кампери се Бразилци, Кинези и Англичани.
На 40 бини преку 1000 изведувачи ќе ги анимираат посетителите се до понеделник, до кога трае фестивалот а меѓу артистите се спомнуваат- Сергеј Пулуњин, Зиги Марли, Грејс Џонс, Алис Мертон, Џакс Џонс, Офенбах, Махмут Орхан, Бурак Јетер и многу други.
Пред две години од страна на водечката европска туристичка организација „Европски најдобри дестинации“, „Егзит“ е прогласен за најдобар фестивал , пласирајќи се пред англискиот „Сејкрет гарден“ ( 2 место), белгискиот „Тумороуленд“ (3), па дури и фестивалските гиганти „Гластонбери“ и унгарскиот „Сигет“ кои се пласираа на 4, одн. 5. место.