Го чекаме од понеделник, а кога ќе дојде, викендот за многумина од нас значи и лежење дома по цели денови. Некои, пак, одат во друга крајност, претеруваат и се „хиперактивни“, па од утро до мрак не се прибираат дома и, на крајот, на викендот се поуморни отколку што биле во петок навечер.
Не треба да се има премногу високи очекувања ако сакате да не го дочекаме крајот на викендот незадоволни. Лаура Вандеркам, авторка на книгата „Што прават повеќето од најуспешните луѓе за време на викендот“, смета дека успешните луѓе го користат викендот како „тајно оружје“ за успех во кариерата. Ако сакате подобро да напредувате и да бидете попродуктивни, како и да го дочекате понеделник со насмевка на лицето, два дена одмор би требало да ве освежат, а не да ве направат уморни. Еве како да го постигнете тоа…
1. Семејство
Посветеноста на семејството е многу важна за оние што работат по цел ден и не се гледаат долго со партнерот и децата. Резервирајте го своето време за нив.
2. Вежбање
Идеална можност за смислена физичка активност во слободните денови. Освен што ќе го намалите чувството на вина зашто изминатата недела не сте отишле на ниту еден тренинг, ќе ја разбистрите и главата и ќе имате можност за добивање нови идеи.
3. Будење на страстите
Викендот би требало да биде резервиран за забава, но и активности што ќе ве избалансираат. Посветете се на работите кои се важни за вас и за кои преку неделата немате време, а кога ќе го правите тоа, правете го страсно, на пример, цртање или пишување…
4. Исклучување
„Симнете“ се од интернет, и од мобилниот телефон. Прегледувањето мејлови и пораки цел викенд ќе ви даде чувство дека и за викенд не сте се тргнале од работата. Доволно е да заминете на прошетка – без мобилен телефон.
5. Планирање
Луѓето стануваат поефикасни ако внимателно планираат, па затоа одвојте неколку минути од викендот и направите конкретен со кој ќе го дочекате почетокот на неделата подготвено.
6. Дружење
Интеракцијата со други луѓе во релаксирана средина може да го усреќи човекот- затоа излезете со пријателите и семејството.
7. Градинарство, готвење, посета на кино
Нешто од ова може да биде и ваш избор. Дури и да не е, сеедно, одберете некоја активност која ќе ве олабави и ќе го збогати вашиот дух.
8. Запознавање нови луѓе
Успешните луѓе се „вмрежуваат“ и тоа не е никаква случајност, туку едноставно начин на кој функционираат. Знаат да се справат со секаква ситуација, а тоа може да биде и поттик за нивно отворање кон нови ситуации.
9. Размислување
Самоанализата е добра за да се спознаете себеси и врз основа на некои поранешни искуства да се изградите како личност. Размислете за достигнувањата, но и за она што би сакале да го промените.
10. Медитација
На човек понекогаш му е потребен мир. Ако не сакате да медитирате, добра алтернатива е да прилегнете и поспиете претпладне, особено ако не сте во можност да го правите тоа во текот на неделата.
11. Полнење на батериите
Многу лесно ќе го постигнете тоа, само ако малку го забавите дневниот викенд-ритам. За викендите не мора секогаш се` да оди како под конец, пишува „Форбс“.