12.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Вино или пиво, прашање е сега

Кој е подоминантен, има ли победник во вечната трка помеѓу виното и пивото? Кој е посилниот, помоќниот, похаризматичниот, кој остава убави спомени и исти такви последици?! Постои ли социјална предиспозиција за пиење на овие сокови (од хмељ и грозје) и во каква врска се ден и ноќ? И можеби пред се – кој во приказната а маж а кој жената?


Доколку се сконцентрирам, можам да смислам логичен одговор ама умот ќе го наострувам со Шекспир и Платон. Тие, веројатно биле пивопијци и мислеле дека умниот човек го измислил истото и гарант имале став дека токму пивото е доказ дека Господ ги сака.
Кога ќе победиш заслужуваш пиво, ама и кога ќе загубиш истото ти е потребно, велел Наполеон. Сепак, најмногу од се ме бендисува изјавата на Линколн- „во вино е мудроста, во пиво слободата а во водата- бактериите“….Е , со вакво предзнаење навистина можете да заседнете во кафеана…
На тема- пиво, ќе ги споменам благосмирувачките ефекти на витаминот Б, ама и ценосиликофобија (страв од празна чаша пиво) што може да се допише во списокот на фобии. Најскапото пиво е „Vielle Bon Secours“, 1000 долари по шише, потоа, постојат повеќе од 400 вида пиво, а апсолутни цареви на оваа тема се Белгијците.

 


Мистични се пивата правени од изворска вода и природни состојки за кои се грижеле монасите- пивари, високорангираните „Трапист“ што потекнуваат од манастирите од Белгија и од Холандија. Традиционалните рецепти се чуваат со векови и го оправдуваат изразот- течна храна.
А „пивскиот стомак“?
Овој израз најчесто се поврзува со дебелината на пивопијците во некои делови од Европа, ама нема врска со пивото, туку со храната. Сетете се само со што го пиете, каква храна комбинирате и нема да имате дилема од што ви е гумата за пливање околу половината.
И како што велат Финците- човекот господари со пивото а виното со човекот па затоа сметам дека е подобро да се пие дење. Ноќта покрива се и може да се укомпонира со виното. Кој нема љубов – има вино, а кој ги има двете работи, може да продолжи со пиењето.
„Длабоките радости од вино, кој ли не ве вкуси? Кој имал грижа на совест да смири, да измами некој спомен, болката да ја потопи , кули во воздух да изгради – огромни се тие вински магии, облеани со внатрешно сонце“.., пишуваше Шарл Бодлер ама и „Све је то од лошег вина“ од репертоарот на Здравко Чолиќ и „Бијело дугме“, што ја напиша Арсен Дедиќ е добра, одлична подлога за пиење.
Понекогаш си мислам дека ден без вино е како ден без сонце. Мојот љубимец Жерар Депардје кој ме купи со изјавата дека никогаш не е во друштво на жени што ги бројат калориите, е во тесна, најтесна врска со овој божји пијалок. „Сакам да му кренам чаша на животот, да велам- на здравје, и нему и себеси“- е здравицата на овој стар фраер.

Фото: Grandmas-deli.com

Имам габаритни ментални фајлови и добри сеќавања на тема да се биде посебен. Што мака виде мојата генерација привлекувајќи внимание како да сме чурук деца затоа што никој неќеше да биде како другите. Денес пак важи – сакам да сум како сите, нурнат во магијата на интернетот.
Туку, да се вратам уште малку на виното- истражувањето на калифорнискиот институт „The Wine“ вели дека најмногу вино по глава на жител во светот се пие во Ватикан. Сеедно дали е тоа поради навиките на тамошното свештенство и нивните гости или бројката 55 литри е поради црковните обреди, „Исусова крв“ никако да секне…Ах! А последното издание на „Винодонија“ кај нас, работилници со дегустација на 10 и повеќе видови првокласно вино, настан кој ете- го преживеавме и сега со голема страст го праскажуваме.
Со виното се лекува срце, во секаква смисла. Ако сте умерени, го имате рецептот за долговечност, бидејќи една чаша го зголемува процентот на добриот ХДЛ-холестерол, додека постарите лица кои постојано се на оваа мерка, потешко заболуваат од Алцхајмерова болест…
Туку, доста со податоци, погледнете го денот, ветува. Земете полна чаша, и наздравете му на најголемиот пријател! Ликот во огледалото.(В.ТОДОРОВСКА)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена