Витамин Ф за сува кожа и кршлива коса

Станува збор за неопходен витамин кој нашиот организам не може сам да го создаде. Имено, тоа е супстанција од која се синтетизираат другите заситени масни киселини. Овој витамин игра главна улога во создавањето на одбранбената рамнотежа.
Што може витаминот Ф да направи за вас? За почеток: помага да се спречи таложењето на холестеролот во артериите, придонесува за здравјето на кожата и косата, дава извесен степен на заштита против штетното зрачење, влијае на активноста на жлездите и прави калциумот да им е достапен на клетките, ги спречува срцевите заболувања и помага при намалувањето на тежината, согорувајќи ги заситените масти…
На нашиот организам дневно му се потребни 10-20 грама од овој витамин. Тоа количество го има во две супени лажици сончогледово масло, преработено со ладно цедење. Полизаситените масни киселини, во кои се наоѓаат витамините Ф, се концентрираат во семето на сончогледот, ленот, сусамот, памукот, афионот…
Недостигот од витамин Ф предизвикува губење на водата во организмот и поради испарувањето, се јавува претерана жед. Кај помалите деца недостигот од витамин Ф се манифестира со чести и хронични банални инфекции, кои здравиот и нормално хранет организам лесно ги совладува.
Другиот знак за аларм е кога кожата почнува да се менува. Поради недостиг од витамин Ф кожата станува сува, најпрво на стапалата, потоа на нозете, а на крајот на целото тело.
Хроничниот недостиг од витаминот Ф во организмот е повод и за појава на болести на крвните садови (артериосклероза, флебитис – воспаление на вените, тромбоза, инфаркт на миокардот), нарушување на работата на црниот дроб и хроничните болести на органите за варење, како и за намалување на отпорноста на вируси и бактерии, појава на тумор.
Фото: Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!