34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Во Дојран на риба, вино и музика

Во Дојран годинава за прв пат се одржува културно-забавната манифестација „На риба и вино“, која со убавата музика од гостите и рибните специјалитет се обиде да ги убеди посетителите зошто е убаво да се летува тука. Дојран во овој период од годината е полн о туристи не само од државата туку има  летувалци од Грција и Бугарија, кои имаа можност да вкусат специјалитети од риба, кои ги има само во тука, секако залиени со убаво вино.

Од настапот на Влатко Стефановски

-Дојран е надалеку познат по рибните специјалитети  како риба на трска, риба на скара, пушен крап  црвеноперка, плескавици од икри. Езерото е најбогато со риба во Европа и треба да се дојде и да се пробаат убавите специјалитети. Токму тоа е и целта, да се презетираат кулинарските вештини на дојранските угостители и да се зголеми туристичката понуда, велат од организацијата.

На специјалитети од риба и градоначалникот на Дојран Анго Ангов

Фстивалот почна завчера со концертите на Влатко Стефановски и Влатко Лозаноски, вчера вечер беа дуото „Шајн“ и „Љубојна“ а вечер на затворањето се настапите на „Џубокс бенд“ и  Тајзи.

Риба, вино и музика за публиката во Дојран

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена