Кога зборуваме за негата на лицето, знаеме дека секое време има свои навики и потреби. Некогаш беше доволно само да го измиете и ставите крема на лицето, потоа ритуалите се зголемуваа и стануваа незаобиколни. И логично-кога вашата возраст ќе ја загуби наставката „наесет“, време е да се почне со нови навики. Патем, дваесетката е идеално време кога треба да се погрижите барем дел од сјајот на лицето што го имате сега, да го зачувате и за вашите „златни години“. Најважно правило е пред да си легнете, задолжително да ја отстраните дневната шминка, што во текот на ноќта ги затвора порите и предизвикува акни.
Дерматолозите се водат според старата изрека, подобро е да се спречи отколку да се лекува, што значи додека сте млади, треба да мислите за изгледот во зрелите години. Не е паметно да чекате брчките да се појават, па дури тогаш да купите некој крема или да одите во козметички салон.
Козметичар Вероника Чадловска ја направи следната табела- како според годините треба да изгледа вашата нега:
Рани 20-ти
Во овие години вашата кожа сe уште е млада и освен акните и митесерите, не се забележуваат брчки. За да ги намалите проблемите што може да се појават во иднина, мора да се чувате од сонцето.
Што да користите?
Млеко за чистење на лицето, гел за миење на лицето и тоник за намалување на црнките. Кремовите задолжително нека содржат минимум 15 СП-заштитен фактор.
Посета на козметичар еднаш месечно, освен ако не се препорачува почесто.
Доцни 20-ти
Дерматолозите доцните 20-ти ги посочуваат како најдобро време да се влијае превентивно. Станува збор за годините кога се појавуваат првите знаци на стареење. На лицето се видливи тенки брчки, пори и нерамномерен тен.
Што да користите?
Млеко за чистење на лицето, ревитализирачки гел за чистење на лицето, оние со микрогранули се одлични. Нечистотијата е непријател број еден за порите на кожата. Почнете да користите дневен и ноќен крем со повисок фактор на пример, 25. Купете си и полесен крем за околу очи, за да дејствувате на првите брчки и потеченоста.
Посета на козметичар еднаш месечно, класични третмани со можност за некои други третмани за дополнителна нега.
30-тите
Во 30-тите години жените се соочуваат со умерени знаци на стареење. Брчките стануваат подлабоки, видливи се дисколорации по кожата и потеченост под очите. Лицето станува очајно за волшебна формула.
Што да користите?
Јасно е дека е време да го купите својот прв крем против стареење. Ваквите кремови покрај заштитниот СП-фактор, содржат и формули, како коензимот Q 10 или ретинол кои ги мазнат брчките враќајќи ги младешките контури и еластичноста на кожата.
Посета на козметичар до два пати месечно со дополнителна нега( лифтинг, ласер…)
40-ти, 50-ти, 60-ти, 70-ти
Во оваа доба јасно се гледаат напредните знаци на стареење. Брчките се побројни и подлабоки, а жените најмногу се жалат на огромните пори и темни дамки.
Што да користите?
Покрај кремите со формула што го забавува стареењето, неопходни ви се специјализирани серуми што се користат за одделните проблеми. Како специјализираните серуми со кои се намалуваат пигментациите на кожата и крем за околу очи кој ги измазнува брчките и го враќа природниот колаген, се разбира и ноќен крем кој секогаш треба да биде побогат (масен). И нормално, не смеете да заборавите да го негувате вратот, деколтето и дланките како и редовната да го посетувате козметичарот.
Фото- Pexels