9.9 C
Skopje
вторник, мај 20, 2025
spot_img

Во морковите се крие мала природна аптека

Морковот е лековит зеленчук и претставува вистинска мала природна аптека. Највредна состојка на морковот е каротинот, кој го создава провитаминот А, а во морковот го има најмногу од сите зеленчуци. Покрај каротинот, морковите се богати со витамини и минерали, а во својот состав имаат и етерични масла, белковини, целулоза, скроб, јаболкова киселина и пантеонска киселина, пектин, слуз, калиум… Од витамините најзастапени се оние од Б-група, Д- група, витамини ПП и Е-група.
Лековитите својства на морковот
Познато е дека со редовно земање на моркови може да се спречи појава на многу болести, како и тоа дека со нив се лекуваат преку 30 болести. Морковот ги содржи основните состојки потребни за раст, развој и зајакнување на организмот, го чува и подобрува видот, ја спречува анемијата, отоци од водена болест, го подобрува варењето, го спречува опаѓањето на косата, со него се лекува шеќерна болест, ревма, гихт, воспаление на крајници, болести на дишните органи, рани и изгореници, ја прочиствува крвта и ги отстранува отровните материи од организмот, а во комбинација со цвекло помага во лекување на карцином во почетна фаза, го отстранува заморот од умствена работа и ја зајакнува концентрацијата.
За да се сочуваат сите хранливи состојки, морковите не треба да се лупат, туку добро да се измијат со четка за зеленчук.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена