Кисела зелка
Киселата зелка и расолницата се вистински зимски гурмански деликатеси. Зелката во оваа ферментирана состојба дејствува детоксикациски, нема мрснотии, а во 100 грама има само 18 калории. Главната состојка е витаминот Ц, ама и многу витамин К, Б6, потоа фолна киселина, калциум и калиум.
Ѓумбирова вода
Ѓумбир не се пие само како чај, корисна е и ѓумбирова вода, која му помага на желудникот да се прочисти. Ѓумбирот е средство за ублажување болки, дејствува против воспаленија, спазма, габични инфекции, забоболка, настинка, пролив, кашлање, јак гастритис. Чајот од ѓумбир помага против повраќање во текот на бременоста, а може да се користи и како мирудија.
Повторно за течностите
Водата е од суштинско значење за организмот и дневното количество внесена течност треба да е од два до два и пол литри. Освен вода пијте природно цедени сокови и чај. Бидете умерени со кафето – интересен е податокот дека кафето е напивка што го елиминира калциумот од организмот, создава хиперсензибилност, односно растревожува доколку се консумира прекумерно…И чаевите треба да се пијат наменски – на пример, чаевите од магдонос ги пијат оние што мислат дека ќе ги решат проблемите со килограми, што е погрешно. Факт е дека тој е диуретик, но дополнително ги оптоварува бубрезите. Чајот се пие свежо приготвен, така што ќе флуоресцира во нашиот организам.