Во понеделник (6 јули), во „Сули ан“: Концерт на три култури ,,Скопје во три бои“

За сите оние што ја сакаат музиката, во сета своја разновидност и мултиетичка раскош, на 6 јули ги очекува интересен концерт, насловен како „Скопје во три бои“, што ќе се одржи во рамките на културната манифестација „Скопско лето“.
Локацијата е Старата Скопска чаршија, поконкретно „Сули ан“ во 20.30 часот а на концертот настапуваат:
Бајса Арифовска – пијано, тамбура, виолина, кларинет
Душко Георгиевски- вокален изведувач и флејта
Ратко Даутовски – ударни инструменти
Емил Адамски – кавал и акустичен бас
Благоја Алачки – гитара.

Убавината е во различностите на културата и традициите и нивното прифаќање, како спој во едно мултиетничко живеење.Тоа е најсилната врска која може да ги спои граѓаните, а музиката е тука, да ја одигра големата улога, да допре до срцето, да го потсети на својата припадност, да ја доживее уште еднаш, да ја зачува како вредност, за да продолжи да живее.
Музичката приказна, во „Скопје во три бои“ ја сплотува Македонската, Ромската и Турската популација, кои се среќаваат на ова тло и на ова музичко парче, како убав спој на три музички култури во едно. Со гордост, да ги разбие стереотипите за некаква поделеност и да покаже дека преку духовност, музика и уметност,се може да се случува на едно место, на ова заедничко парче земја.
Кога се мисли на мултиетничката заедница, во прв план се мисли на начинот на кој говорат тие, што носат во себе секој од својата прататковина, како културно и духовно наследство, начин на којшто живеат и како придонесуваат во градот или општеството во кое егзистираат.
Народниот уметник Македонец, ја пее песната на неговиот пријател Ром. Ромот, пак, соживеан со Македонецот го игра неговото право оро, пее и говори на македонски.Турскиот музички мелос,пак, го има и се слуша со вистинско уживање. Така се создаваат овие три бои, со кои се обојува оваа убава слика на еден соживот, културна размена и социјализација, како вредности кои треба да се негуваат. Затоа, на овој начин, преку интересен спој на уметници, ќе се понуди вистинско уживање составено од трите култури, за да даде печат на заедничкото живеење со музиката, убав спој на професионални автори, музичари изведувачи и вокални интерпретатори, кои креирале нови и квалитетни музички форми

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!