11.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

Вјекослава Бах, хрватска водителка со македонски корени: Ако најдеш сродна душа чувај ја како брилијант

Вјекослава Бах е хрватска водителка со македонски корени. Годинава нејзината емисија „Загрљај лепоте“ слави 25 години. Вели советник е на градоначалникот на Загреб и промотор на македонската култура во Хрватска. Кај неа нема табу, отворено зборува за се, за естетските корекции, за љубовта, бракот, мајчинството.

Како водителка на емисија за убавина, што според тебе е најважно за жената да го добие епитетот- убава?

-Како што одат годините и јас сум позрела, на убавината повеќе гледам како на хармонија од естетски моменти и внатрешни квалитети. И сама повеќе сум ориентирана кон она што не се гледа со очи. Мислам дека жената е најубава кога е насмеана, затоа мој совет за сите жени е секој ден да си направи да биде задоволна од моментот и да биде насмеана.

Што повеќе е важно, кога жената сјае од надвор или од внатре? Или можеби двете подеднакво?

-И двете стапки се многу важни. Јас сум за тоа жените, но и мажите да држат до својата естетика. Но, онаа вибрација и топлина ни дава посебна убавина.

Во Македонија може да се каже дека се уште естетската корекција е табу, многу од јавните личности ги прават, но одбиваат да зборуваат. Како е во Хрватска?

-Во Хрватска тие табуа ги поминавме. Ама воопшто Хрватите се лицемерни. Па ако си убав -не чини. Ако не си убав, пак, не чини. Ако се грижиш за себе ќе те навредат, ќе речат дека само тоа ти е важно. Ако не се грижиш ќе слушаш муабети зад грб- види ја каква е никаква, гдна, не знае ни да се среди. Јас лично не слушам ниту што зборуваат, ниту, пак, што пишуваат. Ќе го цитирам Бајага- кучињата лајат а караванот проаѓа.

Кои естетски корекции ги имаш направено и како се чувствуваш? Дали со корекциите самодовербата е поголема?

-Не е тајна дека сум меѓу првите во Хрватска која ги корегирала усните. Одвреме-навреме ги поправам и тоа е тоа. Јас имам 46 години и нормално е се што не ми е убаво малку да го средам. Кога ја родив ќерка ми ги корегирав и градите. Во Хрватска секоја втора жена има нешто направено, само ја имаат среќата што не се јавни личности и никој не ѓи знае, освен сопругот и семејството. Се кажува статистиката а тоа е дека за последните пет години во Хрватска има три пати повеќе естетски ординации.

Минатата година ја пронајде љубовта на својот живот. Како ти е во бракот? Што жената треба да направи за да го препознае совршениот?

-Хахаха.. Постои ли совршен? Нормално дека постои, тоа за мене е мојот Жељко. Во бракот уживам иако бев голем скептик. Но, мојот сопруг имаше многу трпение со мене и тој всушност е едно чудо. Јас го викам цар и тоа навистина е така. Секогаш е насмеан и никогаш не ме оптоварува со непотребни проблеми. А и кога имаме некоја ситна кавга, што е нормално за секој брак, многу се труди да се разјасниме и се да биде како треба. Сакам да им кажам на сите кои имаат некој свој сопруг/сопруга, девојка/ момче  дека денес е многу тешко да ја најдеш својата сродна душа а ако ја имаш тоа се чува како брилијант. И никако не дозволувајте да помине ниедна вечер а да не се гушнете и не заспиете заедно, па колку и да сте му лути на партнерот. Бидејќи љубовта мора да биде нешто ултимативно, нешто без конкуренција и нешто што е над е па и над караница. И јас и Жељко имаме многу голем почит кон љубовта а тоа е наш рецепт за добар брак. И нормално смеење. 24/7. Нашите другари не викаат Андрија и Анџелка.  Мојот маж вели вака: Ајде што сме родени  вакви луди ама чудо е што не спои. Хахаха..

Тој поради тебе се пресели од Белград во Загреб.. Тука ли ќе биде вашиот дом?

-Живееме во Загреб, Жељко има свој бизнис. Тој е застапник за храна, поточно корпи за кетеринг и ресторани кои се јадат. А во Белград е свекрва ми и роднините на Жељко па и таму одиме.  Еве сега ме изненади свекрва ми и ми направи ајвар, бидејќи знае дека македонско девојче без ајвар не живее. Следниот викенд одиме за Белград. Се за ајвар. Хахахах..

Мајка си на ќерка од 22 години. Кои се најважните совети кои си ги дала или кој е советот до сите мајки со ќерки?

-Ќерка ми сега дипломираше и презадоволна сум од неа. Секогаш и бев поддршка. Помагав да ги оствари нејзините желби. Матеа е една многу весела, разумна и скромна девојка, која живее свој живот и оди во преубава насока. Никогаш немав проблем со неа. Секогаш била позитивна и свесна. За жал нема да ме наследи, нема да стане ТВ водителка, но среќна сум што си ги реализира нејзините соништа. Мојот мајчински совет до неа е никогаш да не дигне раце од двоите соништа. Тоа важи за сите мајки. Секое дете може да постигне многу , затоа не дозволувајте да ве убедат во спротивното. Самодовербата за децата е многу важна а ние како мајки мора да ги мотивираме.  Ние родителите треба да сфатиме дека нашите деца, сепак, се свои. Не сме сите исти и не треба преку нив ние да си ги остваруваме нашите желби. Треба да ги пуштиме да се реализираат сами, нормално со наша поддршка.

Работиш и во кабинетот на градоначалникот на Загреб. Се префрли во политика?

-Веќе четири години имам убава соработка со градоначалникот Милан Бандиќ. Го почитувам тоа што го има направено за Загреб  а дека го сакаат се гледа по неговите мандати, последниве 18 години. Јас сум претседател во мојата месна заедница и како јавна личност можам да му пренесам идеи на нашата партија. Влегов во политиката на покана на градоначалникот, бидејќи навистина мислам дека младите генерации можат многу да направат за Хрватска. И секако се уште работам на телевизија со мојата емисија „Загрљај лепоте“, која годинава слави 25 години и многу сум горда на тоа. На некои канали се гледа и во Босна и во Србија и многу би сакала и еве апеллирам до некоја македонска телевизија да ја преземе. Бидејќи јас  сепак сум Македонка и без мојата Македонија не можам. Јас и Македонија се сакаме јавно. Еве да го цитирам и мојот голем другар Наум Петрески- тоа ми е желба последна. А мојата љубов кон Македонија ја канализирав и преку „Танец“, кој во мај имаше турнеја низ Хрватска во организација на мојата продуцентска фирма. Свиревме, пеевме, уживавме. Направивме неколку фантастични концерти и снимавме спот за „Танец“.  Значи слободно можам да кажам дека го живеам својот хрватско-македонски-српски сон.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена