8.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

ГАСТРОНОМСКИ БЕЛЕШКИ. Дејан Карапеев, гастро-нуркач од морските длабини

Твојата гастро-приказна е поинаква, несекојдневна и автентична а се темели врз големата страст и љубов кон морските деликатеси. Бидејќи не е храната од нашето поднебје, откаде овој предизвик, како ти се „случи“ морето?
„Од својата 18. година работам со риби и со морските плодови. Имам прилика секогаш да ги добивам свежи, работам на брод, и за мене како готвач овие рецепти се мојата азбука… Кога работите на брод, секогаш имате прилика да го имате најдоброто од морето, лесно доаѓа инспирација, идеа за нешто ново и нешто плус. Мислам дека тоа е адутот за овој вид на храна.“
„Од длабочините на морето“ е твоето првнче, книга, многу повеќе од готвач, во кој ги презентираш рецептите од морскиот свет. Патем, ги преферираш ли рибите, школките, лигњите.., на твојата чинија?
„Од длабочините на морето“ е моето првенче. Беше сосема логично, токму поради годините поминати на брод, да ја напишам книгата.Целта ми беше што повеќе да го донесам, приближам и прилагодам она што се готви во Далмација и колку што можам да забележам, тоа им се допадна на читатетлите. Книгата е поделена на 6 поглавја- на плави, бели риби, лосос кој спаѓа во групата на пастрмки, мекотели, ракови и школки, верно се доловени, фотографирани свежите плодови и нивните карактеристики а потоа се насочив на рецептите…Ја обожавам морската храна, а на неа ги навлеков сите мои пријатели.“


Како би го нарекол својот начин на готвење; без што не можеш?
„Моето мото е едноставност, природност и свежи намирници. Закон за рибите е добро маслиново масло, и тука постојат само врвните вкусови.“
Претпоставувам веќе си на своето работно место- на брод, каде и ќе го поминеш летото?
„Моментално се крстари по убавиот, син Јадран… Да, летото ќе го поминам на брод, се до почетокот на октомври. Организираноста тука се граничи со перфекција, не постои зборот „заборавив“ и не се импровизира, напротив, прецизноста е ненадминлива…Ќе се трудам со новите креации и вкусови секојднено да ги радувам нашите гости.“

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена