Актерката Гвинет Палтроу ќе плати 145.000 долари во вонсудска спогодба за ефектот од продажбата на вагиналните јајца. Тогаш нејзиниот сајт „Палтроу Гуп“ објаснуваше дека јајцата помагаат за балансирање на хормоните, регулирање на менструалниот циклус и ја зголемуваат контролата врз бешиката. Актерката се согласила да плати поради обвинувањата дека нема научни податоци за користа од јајцата, како и за билна есенција која помагала за борба со депресијата. Таа ќе ги врати парите на клиентите кои ги купиле овие производи меѓу јануари и август 2017 година.
Освен тоа веќе е забрането да ја тврди ефикасноста на производот без да се обезбедат веродостојни научни докази. Сега на сајтот се кажува дека тие помагаат за “култивирање на сексуалната енергија”, “чистење на патиштата за енергија во телото”, “зајакнување на женственоста” и “продолжување на животната сила”. Сеуште се продава по цени од 55 или 66 долари. Производите на Палтроу предизвикаа незадоволство кај лекарите кои посочија дека нема како ставањето јајце во вагината да ги регулира хормоните, освен да внесат бактерии во телото кои ќе доведат до токсичен шок.
Јајцата не се единствениот сомнителен производ што го продава таа. Друг пример е “репеленти за психички вампири” за 27 долари – спреј во кој има розова вода, масла од рузмарин, лаванда и ” еликсир од скапоцен камен”. Освен тоа, во производите се вклучени “реики” (јапонска духовна пракса), “звучни бранови, месечева светлина, љубов, како и “магла за смирување на децата”.
Извор: дневник.бг