Глуварче, растение што го враќа животот

Маријан Јошт, еден од водечките научници од областа на генетиката и облагородувањето на растенијата, инаку од Хрватска, тврди дека глуварчето ги убива малигните клетки во организмот на човекот. „Благодарение на ова растение, јас сум сеуште жив – вели професорот, кој го потврди сознанието до кое дошле научниците од Универзитет Виндзор во Канада. Имено, чај од глуварчето дејствува на клетките зафатени со карцином, и тие се распаѓаат во рок од 48 часа, а за тоа време не заболува ниту една здрава клетка.
Затоа глуварчето го нарекуваат растение што го враќа животот затоа што го има насекаде, а лековитите својства дејствуваат благотворно врз организмот.
Од глуварчето се користи коренот, стеблото и листовите. Коренот од глуварчето се препорачува за лекувањето на карцином. За да можеме да го користиме повеќе време, потребно е да го сочуваме коренот, да го исушиме на свеж воздух во период од две недели, а така исушен ги чува карактеристиките цела година, се разбира ако се чува во добро затворена тегла. Освен тоа, коренот е добар и за чистење на бубрезите, жолчката, лекува артритис и е одличен за лекувањето на женски болести. За да се искористи полн потенцијал од глуварче, најдобро е да се свари чај со 30 г сув и 60 г свеж корен, па тоа се прелива со 2,5 децилитри солена вода. Чајот се вари 20 минути на тивок оган, а потоа се цеди.
Голем е списокот на болести кај кои дејствува глуварчето – лековито е поради пелинот, цинкот, флавоноидите, Б витамините, танини, калиум. Листовите се полни со витамин Ц и железо. Потоа, се користи како чај, сок, сируп, а од листовите може да се направи многу вкусна и лековита салата.
Листовите и цветовите на глуварчето се составен дел од кинеската и корејската кујна. Од цветните ливчиња се прави сок, а од корењата се прави напивка слична на чај или кафе.
Глуварчето го јакне организмот и му помага на телото да се ослободи од отровите. Ако немате апетит јадете глуварче – горчливите материи од билката го подобруваат апетитот и варењето на храната. Истовремено го стимулира и излачувањето на жолчката. Коренот и листот од глуварче се користат во лекувањето на болестите на црниот дроб и жолчното ќесе, за камен во жолчното ќесе, и природен лек за воспаление на дебелото црево, запек, жолтица, потоа, се препорачува за дијабетес и алергии.
Баба Рада: Сируп од гуварче за јакнење на организмот
Сирупот ги чисти крвните садови, го регулира варењето и го зајакнува организмот. Се приготвува едноставно: две чаши цветови од глуварче се превриваат во два литра вода, се процедува, се додава килограм мед и сок од два лимона. Смесата варете ја на тивок оган со постојано мешање додека не стане како сируп. Сипете го сирупот во шише, затворете и земајте два-три пати дневно по една лажица.

Фото- Љубиша Грлиќ (oblizeki.com)

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени