По 20 години „македонска апстиненција“, композиторот Горан Шарац е повторно во земјата што ја љуби, Македонија. Причината е ангажманот, што вели му е вистинско задоволство ама и предизвик: директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест- Охридски трубадури“ што ќе се случува на 11 септември во Охрид.
Горан живее во Словенија, но оваа „дежела“ никогаш не му ги избришала спомените, ниту пак ја намалила доминацијата на гените.
Имено, тој по татко е хрват, но по мајка- македонец, до 5 одделение живеел во Дебар мало, и ја сака и препознава секоја стапка од Скопје.
Моментално Шарац го дооформува списокот на учесниците на Интернационалната вечер на „Охрид фест“: сигурен е дека ќе изобилува со добра музика и со етаблирани имиња.