Подготвувањето на грав традиционално е поврзано за петок, и бара трпение од неколку часа. Едноставно е, лесно, и да сакате не можете да згрешите доколку гравчето го искрчкате убаво.
Овој рецепт има разлика од класичниот грав со нане и кромид и тоа во вториот дел.
Значи, откако ги сменивте водите и гравот е полусварен: земате два-три моркова, ги сечете на тркала, и додавате неколку ловорови листа, за да ви асоцира на Медитеран. Го доварувате гравот, додавате буковец и масло, уште малку варите и веќе можете да уживате во интересниот вкус.