14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Грешки поради кои се каеме

 

Најголемата заблуда на младите е дека животот е пред нив и дека располагаат со многу време.  Времето можеби е многу, но не и сите грешки направени во младоста можат да се поправат. Многу  од 30 годишните жени прават грешки, без да размислат колку многу ќе жалат за тоа, отпосле, кога ќе остарат.

Зголемување на гради

И двајцата со партнерот сте уверени дека си рамна, но сепак, не брзај со одење на пластичен хирург. Силиконските гради се опасни и тешки за вадење. Освен тоа, на 72 години нема да ти требат такви гради.

Тетоважа

Тетоважата нема да те радува кога ќе остариш. Тоа што сега си го истетовирала и е смешно, за 40 години нема да биде така. До тогаш тетоважата ќе избледи и – ќе се збрчка.

Не спортуваш

Спортската форма на стари години само ќе ти е од полза.  Секој треба да почне да се грижи за здравјето на срцето. Со 30 години имаш време за се, освен за спортот. Кога ќе остариш, многу ќе жалиш за тоа.

Рано си е омажила

Да претпоставиме дека си сакала да се омажиш на 25 и си се омажила. Потоа си решила на 30, повторно да бидеш семејна жена. И си успеала. Па пак си е развела. Со тоа темпо, до 80 години ќе имаш цела колекција од бракови, за некои од нив многу ќе зажалиш. Кон бракот треба да се однесуваш со голема одговорност.

Не си одвоила време за децата

Туѓите деца растат брзо а твоите уште побрзо. Не сите го знаат тој факт и не одвојуваат време за децата. На 70 години не е тешко да заработиш милиони, но е тешко да чуваш деца. А и тие веќе пораснале. Без тебе.

Инвестираш во гардероба, не во емоции

Тешко е да одолееш на убави чанти, чевли, гардероба. Но, на стари години ќе сакаш да се потсетиш на првото патување во Париз, а не на чантата.

Не знаеш странски јазик

Убаво е на младост да научиш странски јазик. Така во животот никогаш нема да жалиш што не си имала флерт со убав Шпанец или убав Скандинавец и си се лишила од многу задоволства.

Поминуваш многу време на социјалните мрежи

На 30 години имаш многу пријатели на социјалните мрежи, лајкуваш, споделуваш фотографии, комуницираш во месинџер. Тоа сега го сметаш за активен живот.  На стари години ќе ти е жал дека си сакала виртуален живот. Во реалниот живот има многу опасности, разочарувања, но и љубов. Направи си го вистинскиот избор додека пред тебе се уште има многу време.

Извор: jenata.blitz.bg

Фото- Pexels

 

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена