Повозрасните се сеќаваат на актерите Мартин Сагнер (88) и Смиљка Бенцет (84) најпознати по улогите Дудек и Регица, во легендарната серија „Грунтовчани“. Тие повторно снимаат заедно, но овој пат тоа е календар за „Големи и мали ѕвезди“, хуманитарна акција за помош на деца со Даунов синдром.
Серијата „Грунтовчани“, во која се зборувше за доживувањата на жителите на малото подравско село, е снимена во 1975 година во селото Сигетац. Во него веќе неколку години се одржува манифестацијата „Грунтовчанијада“, која го одржува сеќавањето на Грунтовец а на неа сега ќе учествуваат и Дудек и Регица.
Инфо и фото: net.hr