13.8 C
Skopje
среда, мај 21, 2025
spot_img

Група Мерак: На старите македонски песни им дадовме нов модерен звук

Познатите македонски песни „Една песна“, „Мајка на Марика“, „Дојди ми Лено“, „Чудна жена“ и „Бисера“, однеодамна се препеани од членовите на групата „Мерак“, и се вистински мерак за сечие уво.
„На нашата публика сакавме да и подариме стари македонски песни кои се вистински хитови. Како група ги препеавме и им дадовме нов модерен звук вокално и инструментално. Како група во следниот период ќе работиме на создавање на уште две преработки кои наскоро ќе ги промовираме, а дотогаш уживајте во видео записите на старите македонски песни“- вели Марио Стојановски.
Шестчлената група „Мерак“ е составена од хармоника – Марио Стојановски, дувачки инструменти- Стефан Стојановски, клавијатури вокал диџеј- Бланка Тони, клавијатури и вокал- Даниел Максимов, виолина- Димитар Михајловски и тапани- Игор Николовски. Сите членови на групата се професионални музичари, имаат долгогодишно музичко искуство и настапи низ државава.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена