2.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2025
spot_img

Гулаш со кнедли и месо

Потребно: 500 г телешко месо, масло, 3 главици кромид, 500 г компир, 1 страк праз, лажичка ким, лажичка лута мелена пиперка, сол, вода.

За млечните кнедли е потребно едно јајце, еден децилитар млеко, малку сол и 4 лажици брашно.

Кромидот излупете и ситно сецкајте. Празот исечете го на тркалца а месото и компирот исечете го на коцки. Во загреана тава ставете масло и пропржете ги кромидот и празот. Додадете го месото и пржете, потоа додадете ги зачините и вода по потреба. Кога смесата ќе прокрчка додадете го компирот и оставете го да се вари на тивок оган.

Во брашното за кнедли додадете го јајцето, посолете и постепено со вилушка мешајте, да се добие хомогена маса. Со лажица додавајте ги кедлите во гулашот и варете додека да испливаат на површина.

Извор: kucica.net

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави