Дали имате стара, искусна душа?

 

Ако вашиот поглед на животот се разликуваат од погледот на повеќето луѓе, не се впуштате во озборувања, непријатно ви е кога се омаловажуваат другите, не ве интересираат материјалните добра, туку сте насочени на себе си, на убавините што ги наоѓате на секој чекор, се вели дека имате- стара душа.
Помудри сте од останатите, секогаш подготвени да поделите совет, самостојни сте. Еве кои се карактеристиките на луѓето со искусна душа, што веќе ќе поминале животот, којзнае колку пати пред вас.

– „Чудно“ дете
Не е правило, но повеќето стари души покажуваат знаци на зрелост во раните години на животот. Се разликуваат од другите деца, во раните фази на развој се љубопитни и интелигентни, и често се случува на училишните часови да им е здодевно. Дома со родителите често се бунат за наредбите, зашто во нив не гледаат никаква смисла. Ако имате деца со кои може да разговарате како со возрасни, тоа е знак дека во детето лежи стара душа.

– Големата слика
Старите души никогаш не се губат во површните желби и достигнувања, туку гледаат на животот од птичја перспектива. Кога ќе се најдат пред проблем, не губат надеж. Проблемот го набљудуваат како најобична пречка, која во животот им носи некое задоволство. Свесни се дека животниот пат не може да биде рамен и мазен. Поради скромниот и мирен поглед на свет, не се склони кон драматизирање, имаат мирен и стабилен карактер.

– Мудрост и вистина
Звучи помалку снобовски, но старите души ги привлекува интелектуалната страна на животот. Старите души знаат дека мудроста носи среќа и дека вистината ослободува.

– Духовност
Емотивните, стари души се исклучително нежни и чувствителни и духовно насочени. Не ги интересира егото, повеќе се посветуваат на трагање по просветлување, љубов и мир.

– Минливост
Старите души често размислуваат не само за минливоста на животот, туку и за минливоста на се` што не` опкружува. Затоа се внимателни и често воздржани. И покрај тоа мудро го управуваат својот живот и промислено го градат животниот стил.

– Размислување
Старите души многу размислуваат, за се`и сешто. Способни се добро да размислат за своите дела, а од делата на другите многу учат. Во таа смисла се одлични учители и советници. Старите души во срцето се чувствуваат зрело, најпрво поради својата природа на размислување, а потоа и поради тивкото набљудување на природата и околината.

– Индивидуалност
Старите души, кои во своите претходни животи доживеале или искусиле многу работи, не се заинтересирани за интересите и достигнувањата на своите врсници, туку повеќе сакаат да се сами, или имаат мал круг на луѓе околу себе.

Фото – Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени