Едноставно движење на очите, од лево кон десно може да ја подобри меморијата и да ви помогне да ги разликувате вистинските од имагинарните случки. Луѓето често не можат да одредат дали некое сеќавање е вистинско или е само замислено: на пример, ако се мислите дали сте ја заклучиле вратата или за тоа само размислувавте, движете се со очите лево- десно, со што ја активирате во исто време и левата и десната хемисвера на мозокот. Повторување на тоа движење, по 30 секунди може да ви помогне да се сетите каде сте ги ставиле клучевите. Инаку, движењето на очите горе- долу, го нема истиот ефект.