34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Деми Ловато ја продава куќата за 9.5 милиони долари

Откако кон крајот на јули,  поради предозирање помина извесно време на  клиниката за одвикнување, Деми Ловато (25),  вели, дека  го остава минатото зад себе и оди понатаму. Пејачката ја продава својата куќа во Холивуд, пишува магазинот People. Куќата ја купи во септември 2016 година за 8,3 милиони долари, а сегашната цена изнесува 9,5 милиони долари.

“Деми одлучи дека е време да се одсели од куќата и да најде ново место што ќе го смета за дом”, рекол пријател на пејачката.

Куќата има 516 квадратни метри, има шест купатила и четири спални. Се наоѓа на крајот од тивка и мирна улица, и гледа кон  Лос Анџелес и Тихиот Океан. Има голем базен и тераса, а Деми го остава сето ова за да најде нов, тивок дом каде што може да се релаксира и да се опорави.

Фото: Инстаграм

Таа целосно е посветен на оздравувањето од зависноста и да биде подобро – изјавил нејзин пријател, додека Деми беше на одвикнување. Ловато имаше закажани концерти низ Јужна Америка и Мексико, но ги откажа. Нејзиниот менаџерски тим сака да и помогне за да ја подобри  здравствена состојба. Нивната цел е да се отстранат сите пријатели на Деми  кои користат разни опијати, а во тоа ја вовлекуваат и  Деми, пренесува TMZ

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена