3.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Денеска се Цветници

Секоја година Цветници се празнуваат во различен ден, во зависност од тоа кога е Велигден. Но, правилото е една недела пред овој најголем христијански празник, да се одбележат Цветници.
Инаку, Цветоносна недела или Врбица го означуваат влегувањето на Исус во Ерусалим, а неговите следбеници со врбови гранки, дренки, разни цвеќиња, гранчиња од плами.., му го постилале патот. Народот раздрагано пеел: „Осана (слава) на синот Давидов.Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Слава на висините.“
Оваков срдчен пречек е поради големите дела на Исус, кои на луѓето им давале верба и надеж во животот и воскреснувањето. На Лазарева сабота на пример, тој го воскресна Лазар, и тоа уште еднаш потврди колку му служел на народот.
Празникот се слави уште од третиот век од Новата ера.
Еве кои се значењата на цвеќето, кое било постилано по патот по кој одел Исус, а понатаму, со кои се кителе девојките и децата: маргаритки се за убавина, дрен е за сила и здравје, темјанушка е за привлечност и скромност а гранчињата на врба означуваат напредок.

Фото:Pixabay

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена