Ден за шпагети

Шпагети ала карбонара
Потребно е: 320 г шпагети, 3 јајца, 3 лажици рендано сирење, 100 г чадена сланина, 10 г путер, сол, црн пипер.
Сланината исечете ја на коцки, па мешајте со путер на ниска температура за да стане проѕирна. Во садот измешајте јајца со рендано сирење, а потоа сварените шпагети, тукушто исцедени и се` уште да вријат. Додадете пржена сланина и зачинете со црн пипер.
Совет: Во јајцата можете да додадете 2 лажици павлака, за смесата да биде кремава.

Букатини ал амтричијана
Потребно е: 320 г дебели шпагети, 80 г чадено месо без кожичка, 300 г домати, 1 лажица исечкан кромид, 40 г рендано сирење, масло, сол, црн пипер.
Излупете ги доматите и исечете ги на коцки, притоа вадејќи ја лушпата. Месото исечете го на ленти и пржете го на масло. Замешајте го кромидот, па кога ќе пожолти, додадете домати, посолете, зачинете со црн пипер и варете на висока температура 10 минути. Често мешајте. На крајот додадете ги сварените шпагети и посипете со сирење.

Шпагети аљио, оли е пеперончино
Потребно е: 320 г шпагети, 2 големи чешниња лук, 2-3 црвени лути феферони, масло, сол.
Додека шпагетите се варат, исчистете го лукот и исечете го на тркалца. Фефероните оставете ги цели ако се мали, а поголемите – исечкајте ги. Кратко пропржете со лук, замешајте ги шпагетите и уште малку мешајте на висока температура, за да се загреат. Кога го пржите лукот, пржете го многу кратко на масло, само да замириса.


Шпагети ал воњоле
Потребно е: 320 г шпагети, 1 кг школки, 1 чешне лук, сол, 1 снопче магдонос, масло, црн пипер
Исчистете го лукот, исечкајте го малку и загрејте го маслото. Додадете ги измиените школки, обилно зачинете ги со црн пипер и загревајте ги да се отворат. Исфрлете ги неотворените школки. Оставете неколку школки во лушпа за украс, а од другите извадете го месото. Исцедете го сокот што го пуштиле школките. Додадете го месото од школките и сварените шпагети, измешајте го исечканиот магдонос и мешајте на висока температура неколку минути.

Фото- Pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени