Ова е избор на планетарно највкусните сендвичи
здр
Сендвич со сланина и домат
Сланина,зелена салата и домат се најубавото нешто за парче леб уште откако постојат сендвичите! Вообичаено се ставаат на печено парче леб, заедно со мајонез, а авокадо го подобрува вкусот.Најдобро е сланината да се испржи со балсамико, тоа му дава посебен вкус.
„Чип“сендвич
Повеќето луѓе од континентална Америка не знаат што значи „чип сендвич“, а истиот можете да го пробате во Англија. Доколку не знаете, „чип сендвич“ се состои од две парчиња бел леб, намачкани со путер, меѓу кои се наоѓа здрава (па и не толку „здрава“) порција чипс (голем француски помфрит). Можеби звучи непримамливо, но овој сендвич е едно од највкусните нешта. За потполно чувство на „џанк фуд“, одозгора се додава кечап.
„Пан-бања“
Сендвичот „пан-бања“ е специјалитет на луѓето од регионот на Ница, во Франција. Вкусовите во овој сендвич совршено се мешаат: се состои од лепче багет чија внатрешност се вади и се полни со туна (ако се користи конзерва тогаш треба да биде туна во масло), парчиња зелена пиперка, црвен кромид, тврдо варени јајца, маслинки , домат и на крајот сос за салата добиен од вински оцет, сенф, сол и пипер. На прв поглед звучи чудно, но сепак тоа е еден од најдобрите пикник сендвичи. Толку е популарен што Французите имаат здружение кое го промовира и заштитува сендвичот „пан-бања“.
Кубански сендвич
Иако се смета за омилен сендвич на кубанските работници, или од Куба , сепак кубанскиот сендвич станува се попопуларен. Тоа е варијација на класичниот сендвич со шунка и сирење, и се прави со шунка, печено свинско месо, швајцарско сирење, кисели краставички и сенф меѓу две парчиња леб (земички). Клучниот момент за добар кубански седвич е притиснувањето. Сендвичот секогаш се подготвува во тостер, така што лепчето станува тенко и крцкаво. Кога нема тостер, може лебот од надворешната страна да се намачка со путер и да се пече во тава, а потоа да се притисне со друга потешка тава или сад.
„Рубен“
Сендвичот „Рубен“ е типична деликатесна храна и многумина гурмани тврдат дека го измислиле токму тие. Потеклото на сендвичот е од продавницата „Рубенсови деликатеси“ од Њујорк, која веќе не постои, каде што сендвичот наводно бил првпат направен во 1914 година. Тоа е еден од најголемите сендвичи и се состои од голема порција на квалитетно солено говедско месо (не од конзерва), кисела зелка, швајцарско сирење, прелив, и сето тоа меѓу парчиња ’ржен или црн леб. Некои вкусни варијации на сендвичот се наместо говедско месо да се користи топла чадена плешка, поради што сендвичот го нарекуваат „Рашел“. Топла чадена плешка на ’ржен леб е едно од омилените јадења, но не влегува во списокот на најсендвичи бидејќи е премногу сличен на „Рубен“. Овој сендвич дефинитивно не треба да се јаде набрзина, а нема ништо поубаво од седење во локалната продавница за деликатеси и уживање во вкусен „Рубен“.
„Слопи Џо“
Ова дефинитивно е машки сендвич ! Вообичаено се земаат две земички за хамбургер и се полнат со сос подготвен од мелено говедско месо, кромид и сос од домати.
Сендвич со сирење на скара
Што може да биде поедноставно и да преставува поголемо задоволство од сендвич со сирење на скара, каков што подготвува мама? Топол и вкусен, сендвичот со сирење на скара е скромна храна во најдобра смисла на зборот. Познато е дека студентите го подготвуваат овој сендвич со пегли. Поради тоа задоволството е големо.
Сендвич со ситнето свинско месо
Дефинитивно еден од сендвичите кој најмногу и најдолго се подготвува! Напорите вредат, а наградата е убав сендвич со ситнето свинско месо. Свинска плешка бавно се пече на скара со часови се додека не биде сосема мека . Месото се реди високо на земичка за хамбургер, и одозгора се прелива со омилениот сос за скара (или може без сос, доколку сте љубител на суво месо). Се служи со салата од зелка во чинијата. Тоа е совршен сендвич за оброци што се подготвуваат надвор бидејќи од свинската плешка можат да се направат многу сендвичи.
„Фили-чизстек“
Луѓето од Филаделфија сериозно ги сфаќаат сендвичите и тоа дефинитивно е нивно оружје. За нив тоа е повеќе од сендвич, тоа е начин на живот. Во Филаделфија е речиси религија и луѓето со гордост ја прогласуваат омилената сендвичара за чизстек. Две од најомилените локации во Филаделфија, „Џенос“ и „Петс“, се во долго и познато ривалство. Јадењето сендвич таму дури има и сопствено обележје, како што утврдил и поранешниот претседателски кандидат Џон Кери кога весникот „Филаделфија дејли њус“ го исмеа бидејќи, ох Господе, нарачал чизстек со швајцарско сирење . А сите знаат дека ништо не се топи подобро врз стекот од „чиз-виз“.
Сендвич со путер од кикирики и желе
Во историјата на сендвичите ова е една од најдобрите комбинации на храната, и многубројни се оние кои не уживале во путерот од кикирики и желе. Овој сендвич дефинитивно е најразновиден бидејќи може да се користи каков било леб, желе или замена за путер од кикирики. Има варијации со нутела (крем од лешник), „манчмелоу“, суво овошје, банани, кисели краставички, па дури и крем од зеленчук. Речиси е невозможно овој сендвич да се расипе, поради тоа што е навистина добар. Сендвичот со путер од кикирики и желе е популарен, како и „фили чизстек“, бидејќи не е само сендвич туку културна икона.