Една од најпопуларните светски кујни, италијанската, неделава е во центар на вниманието, поради промоцијата во Скопје. Љубителите на италијанска храна и специјалитетите, завчера вечер имаа можност да уживаат во врвната кулинарска уметност на италијанскиот Шеф Армандо Кодиспоти, кој гостуваше во ресторанот Дикстрикт.
Армандо се одлучи љубителите на италијанската кујна да ги почести со тестенини приготвувани на типичен медитерански начин- со многу пармезан, маслиново масло, и се разбира „ал денте“ .Тоа значи дека за 100гр. тестенини е потребен 1л. вода, лажичка сол и малку масло. Потоа, се дегустираа њоки со неколку вида сирење и рижото со анасон.
Како што преферираат Италијаните вечерта се пиеја и врвните пенушливи вина.
Професионалните готвачи вчера имаа можност да присуствуваат на Мастерклас за италијанска кујна со шефот Кодиспоти, организиран од Амбасадата на Р.Италија во соработка со здружението на готвачи ГАСТРО-МАК.