12.8 C
Skopje
четврток, март 13, 2025
spot_img

Димитар Андоновски: Имајте милост кон децата, да собереме пари сами да си помогнеме

Битолскиот поп-пејач Димитар Андоновски, пејач во популарната група “Тајфа”, откако стана татко сосема се измени. Тој е посветен на својот син, но и  одговорен кога станува збор за децата.

-Сите деца во светот треба да бидат среќни и сите треба да се грижиме за нивното здравје, вели Димитар.

Но, не само тоа, тој како јавна личност реши да се допре до срцата на сите за што поголема одговорност, особено кога децата се во прашање. На својот Фејсбук профил , Димитар упати јавен апел за борба против ракот.

-Во моментов 18 бебиња и вкупно 2000 луѓе се заболени од рак во Битола. Очигледно дека никој нема милост за нас битолчани. Затоа, драги сограѓани, дајте да почнеме да собираме пари сами за себе и да отвориме некој фонд за средствата со кои можеби за некоја година ќе успееме да потсобереме некој денар за да можеме да преземеме нешто. И да си бараме спас бидејќи ќе испоцркаме како глувци сите овде. Тешко им е на децата кои ни растат овде низ Битола. Полека, но сигурно се гушиме и бавно умираме….Господ да ни е напомош, напиша тој.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена