16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Добредојде Нова

 

Драги и почитувани мои,

Завршува 2023, беше интересна година, да се простиме со љубов.
Не вртете се по неа, напротив, шепнете и во доверба: патувај среќо, а со тебе сите крадци на спокојни мисли, манипулатори и гњаватори: бај бај.
Отворете ги рацете силно да ја прегрнеме Новата.
И пред да Ви посакам да се читаме уште многу, сакам да ви порачам нешто од срце.
Драги мои, на ова патување наречено животот, каде сме воз а не железничка станица – што би рекол некој добар ум, Ви посакувам и да простувате.
Тоа го можат духовно силните, оние што веруваат и бараат, што знаат дека зборовите носат енергија.

Бидете добри, најдобри, затоа што добрината усреќува, одбегнувајте примитивно и завидливо однесување. Радувајте се, раскажувајте, светнете си ги душичките, тоа оди во пакетот со среќата.
Патувајте, затоа што тоа е сигурна база за да си ја освежите и душата и мислите, носталгијата чувајте ја за себе, барајте го изворното, уживајте во интерни кулинарски екстраваганции и, не заборавајте: не сте вие капка во окен, туку океан во една капка!
Ви посакувам среќна, најсреќна 2024 година!
ВАЊА ТОДОРОВСКА

Фото: Pixabay

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена