12.6 C
Skopje
недела, мај 18, 2025
spot_img

Добрила Чабриќ на 90 години ќе настапи на ’’Охрид фест’’- Песната „Болат годините“ блика од емоции

Добрила Чабриќ, дамата која ги освои срцата на телевизиските  гледачи во балканското шоу „Никогаш не е доцна“,  ќе настапи  во фолк вечерта на јубилејното 25 издание на Интернационалниот фестивал   ” Охридски трубадури”, што ќе се одржи од 6 до 8  септември.  Таа вели дека  е воодушевена од песната “Болат годините”,  што деновиве ја сними, потпишана од Григор Копров, кој ја направи музиката и текст од  Огнен Неделковски.

-Јас всушност и не ги следев фестивалите, воопшто не ми беа важни. Сега сум среќна што ќе настапувам. Едвај чекам  по  толку  години  да настапам на  еден голем музички фестивал. Песната што ќе ја пеам,  е многу, многу убава блика со голема емотивност…. Ќе биде снимена во две верзии-македонска и српска. По охридскиот фестивал имам покана за учество на еден голем меѓународен фестивал во Варна, од 11 до 13 септември  и многу се радувам што по толку години ќе ја видам Варна. Во Бугарија имав  големи турнеи во 1970 и 1971 година, ги знаев и сите градови и големи и мали места, вели Добрила.

Таа  е вистински феномен. На90-годишна возраст вози кола, неверојатно е витална, со темперамент и  позитивна енергија на која можат да и завидат и многу помлади. “Никогашне е доцна” ,максимата која често се користи како убедување дека годините не се пречка во остварување на одредена желба или замисла, го доби своето целосно значење со нејзиното учество и победа  во истоименото шоу. Ѕвездената слава што ја стекна на балканско ниво, продолжува во една нова приказна, со нови песни, нови настапи, но и албум.

-Ако Копров има интерес, да се завземе за нови песни, јас сум подготвена. Сакам дури да одам натурнеја во Америка, Австралија. Наскоро ќе станам и заштитно лице за квалитетно македонско вино, вели таа.

За нејзината кариера, пак,  младиот автор Филип Димковски пишува книга.

– Во книгата која ја пишува Филип ќе биде опишан мојот живот, ќе се најде и моето цеде со некои песни што ги пеев  во шоуто ” Никад није касно”, омилените “Калинка”, “Циганка сам мала”, „Има дана када не знам шта да радим”,плус некои песни од моите плочи.

Фото и текст: „Охрид фест“

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена