Постои начин да се израдувате веднаш по будењето. Еве седум совети како вашето утро да го направите попријатно.
- Чаша вода веднаш по будењето
Ова ќе го хидрира вашето тело. Ќе забележите позитивни промени како посјајна кожа и подобро варење. Ако додадете исцеден свеж лимонов сок или една лажичка јаболков оцет, на телото ќе му дадете бонус поени.
- Без телефон / Фејсбук или пораки, барем еден час
Спиете ли со вашиот мобилен телефон и дали тоа е првото нешто за што ќе се фатите наутро? Страшна навика, која е, исто така, многу штетна. Ако одолеете на искушението да ја проверите вашата електронска пошта или Фејсбук најмалку за еден час по будењето, тогаш ќе откриете дека вашиот ум е пофокусиран и посреќен.
- Помислете на една работа за која сте благодарни
Ова ќе ве исполни со позитивна мисли во текот на целиот ден. И ако најдете до три или повеќе работи за благодарност, тоа е многу подобро.
- Излезете и земете длабок здив
Пополнете ги белите дробови со свеж воздух. Дури и ако е ладно надвор. Тоа ќе ви земе само 10 секунди, но ќе ве потсети дека сте живи.
- Раздвижете го вашето тело
Не е неопходно да се направат интензивни вежби пред појадокот. Само направете неколку лесни вежби. Или вклучете ја омилената песна и протресете се, без разлика дали некој ве гледа.
- Одвојте време за здрав појадок
Наместо да јадете цела кутија со житни производи, дајте му вистинска храна на вашето тело. Шејкот е одличен избор (и не е потребно време да се направи). Пробајте го тоа.
- Погледнете се во огледалото и кажете си нешто убаво
На пример: Блескам со убавина, доверба и благодет. Секоја клетка во моето тело е здрава и енергична. Се чувствувам одлично кога се грижам за себе.