Доколку името ви почнува на Н, П, Р, С, Т, В, З и Ж

Н, Њ – Овие букви зборуваат за доза на „лудост“, без оглед на сензибилитетот и љубовта. Носат вибрации на креативност, промени, ум, активност, љубопитност и приспособливост. И покрај тоа што имаат многу стил, никогаш не се задоволни. Имаат голема верба, но не се фанатици, туку се изразено праведни, со смисла за практичност. Ги повредува недовербата од другите а главоболка може да им зададе единствено преголемото фантазирање или живот во илузија.
П – Исклучително се внимателни, индивидуални, единствени, интуитивни, зрели. Имаат голема одговорност, висока положба, моќ. Се` што прават има многу одговорност и совесност, но честопати се жртви на работата. Кај другите будат самодоверба, но и самите мораат на некој начин да се истакнуваат малку повеќе а понекогаш – и самите да се пофалат.
Р – Оваа буква носи енергичност, посветеност кон целта, услужност, пожртвуваност, срдечност, почитување, либералност. Често прават повеќе нешта одеднаш, често и во две смени. Постои можност од висока положба, но тоа треба да биде на етичен и чесен начин. Тоа го заборавааат, како што забораваат на карма.
С – Претерано чувствителни со доза на неразумност во однесувањето. Индивидуалисти, авторитетни, лидери, енергични, просперитетни, самоуверени, оригинални, директни. Во животот често имаат кризи, кои на крај имаат хепиенд. Поради добрата смисла за организирање, често се вклучени во големи работни организации. Преголемата самокритичност понекогаш ги спречува да ги остварат големите планови.
Т – Носат добро расположение со кое доаѓа и љубов, но може и да е обратно. Оваа буква носи вибрации на нежност, предаденост, трпеливост, толерантност, тактичност. Полни се со разбирање за другите. Исклучително се добри и мирни партнери свртени кон семејството и пријателите. Животот им е многу активен, исполнет со бројни патувања.
В – Оваа буква носи вибрации на разумност, доверливост, дисциплинираност, темелност, прецизност. Постојано се во движење, со немирен дух, што носи разни патувања, екстремност во се`, која често ја одзема енергијата и силата. Треба да ги чуваат своите природни таленти, без залудно да ги трошат.
З, Ж – Носат вибрации на материјалното, на дисциплина, самоувереност, организираност, оригиналност. Ќе имаат многу противници со кои ќе мора да се борат. Можно е во верата да го најдат мирот, но треба да внимаваат да не донесат избрзани одлуки. Секоја грешка скапо чини, но давајќи го максимумот, често се победници.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени