Домати, одлични за слабеење

Летото е совршено време за уживање во доматите, кои се богати со антиоксиданси, но и со други нутриенти добри за здравјето. Доматите се одличен извор на калиум, но и на витамини А, Ц, Е и фолна киселина.

Доматот е одличен сојузник во борбата против килограмите. Нивната кора е богата со биофлавоноиди, кои помагаат во намалување на алергиските реакции и воспаленија. Кога ќе се намалат воспаленијата, хормоните за слабеење, како лептинот, можат да бидат поделотворни. Лептинот помага во контрола на апетитот, контрола на метаболизмот и слабеењето.
Доматите се богати и со каротеноиди од кои најмногу има бета-каротен, кој е силен антиоксиданс што ја штити кожата од оштетување од сончевите зраци. Од бета-каротенот се создава витаминот А. Ликопенот е уште еден каротеноид од доматите со антиканцерогено дејство. Студиите покажаа дека доматите го намалуваат и ризикот од тумор на јајчниците, кардиоваскуларни болести, астма и хронични болести на плуќата.
Но, добро е да се знае дека некои здрави состојки на доматите полесно се апсорбираат во организмот доколку се термички обработени. Таков пример се каротеноидите, а додавање маслиново масло при варењето ја зголемува апсорпцијата на ликопен и каротеноид.
Фото: Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!