Донација. Фешн Груп на Институтот за јавно здравје подари апарат што за 30 минути прави тестови за Ковид-19

Автоматизиран молекуларен RT-PCR апарат и тестови за детекција на корона вирусот, со кои за 30 минути ќе се добие резултат, е донацијата на Фешн Груп како општествено одговорна компанија, за Институтот за јавно здравје.
„Голема благодарност до Фешн Груп за оваа донација која ни беше потребна. Апаратот е со 4 независни модули, што значи дека наеднаш можат да се изработуваат 4 тестови, така што капацитетот за 24 часа е околу 168 тестови. Тестот е одобрен од FDA, а системот е патентиран. Тестот е со исклучително висока сензитивност и е наменет за брза детекција на коронавирусот. Времето за изработка е 30 минути за позитивен примерок, додека 45 минути за негативен.

Предноста на овој тест е што постапката е целосно автоматизирана, манипулацијата со примерокот е сведена на минимум, со тоа е намален и ризикот од контаминација и вкрстена контаминација на примероците“ вели доцент д-р Шабан Мемети директор на Институтот за јавно здравје.
Донацијата на Фешн Груп е од особено значење за Институтот за јавно здравје за да може уште побрзо и навремено да ја извршува дијагностика во време на пандемија, наменета во служба на граѓаните.
„Горди сме што како Групација допринесовме и обезбедивме апарат и тестови со брз резултат на Институтот за јавно здравје, кои ќе служат во борба со корона вирусот. Навистина е важна поддршката на институциите кои неуморно се во првата борбена линија со пандемијата. Групацијата Фешн Груп како општествено одговорна компанија во изминатите 26 години постојано се грижи за своите граѓани и целокупната заедница“ истакна оперативниот директор на Фешн Груп, Тони Јанковски.


Од компанијата додаваат дека тие постојано се грижат за општото здравје на нивните вработени и потрошувачи со спроведување на највисоки мерки на заштита согласно препораките на СЗО. Компaнијата Фешн Груп продолжува со раст во својот домен, грижа кон општеството и со овој придонес сака дополнително да помогне во побрзо детектирање на вирусот, а со тоа и побрза лекарска интервенција, за заштита на сите граѓани во општеството.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!