На 5 октомври не очекува носталгична Бела ноќ- на плато пред Универзална Сала (20:00) во чест на јубилејот, 50 години „Скопски фестивал“ ќе настапат Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристевска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов – Гиш, Ѓоко Таневски, Сара Мејс и Ај-Кју а ќе ги придружува Биг бенд.
Тие ќе ги изведат најголемите хитови со што ќе го одбележат 50. годишното постоење на еден од најреномираните фестивали во државата, „Скопски фестивал“.